Вести Галерија — 21 февруари 2016
ГАЛЕРИЈА ОД ХУМАНИТАРНИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР ЗА МАТЕЈ СТОИЛОВ

На 21.02.2016 год.РК Делчево беше организатор на хуманитарниот ракометен турнир за Матеј Стоилов.Голема благодарност до сите љубители на спортот кој дадоа свој придонес и ја покажаа својата хуманост на дело и до ракометните клубови:РК Текстилец од Штип,РК Вардар Виница и РК Овче Поле СУ од Свети Николе и до арбитрите на овој турнир Стефан Станков и Јован Јовановски.

Да бидете хумани – не е себичност, хуманоста е надеж, среќа, пред се време за дарување љубов за сите оние кои имаат потреба за тоа.
Само хуманоста ни дава една мистерија која не обвиткува, често доаѓа до израз она внатрешното – чувството на хуманост на кое толку често забораваме, а токму тоа е она чувство што го прави човекот ЧОВЕК во вистинска смисла на зборот. Тоа чувство носи една нова надеж, како да дава уште една шанса за се да биде така како што сме замислиле, за да не се плашат оние на кои им е потребна нашата поддршка, хуманост и љубов … да не се плашат да се соочат со секојдневието и потрагата за остварување на нивните соништа.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *