Вести Останати — 02 декември 2014
Гласајте за КИРЕ ЛАЗАРОВ!

Светски, а наш и со право и со повод КИРИЛ ЛАЗАРОВ!Најдобриот македонски ракометар на сите времиња повторно номиниран за најдобар ракометар на светот.Од скоро сите досегашни избори Кире ги има освоено трофеите,можеби единственатиот кој му недостасува е токму овој во избор на реномираниот сајт  www.handball-planet.com  по кој знае кој пат повторно номиран за најдобар десен бек на ПЛАНЕТАВА!

Потесно не било никогаш.Зад петици му е Ласло Наѓ кој во моментов има 41% од вкупните гласови а наш Кире 42%.И да,Унгарија е голема со 10.106.017 жители,Македонија со пет пати помал број на жители,но со ГОЛЕМО срце.ГЛАС ЗА КИРЕ Е ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА.На фотографијата која е поставена на страницата освен клубовите во кои играат номинираните стојат и нивните татковини:Кирил Лазаров,Барселона Македонија.images (1)

Ретко дисциплиниран спортист кој вели дека се уморува кога спие а најголемиот одмор му е кога е на терен.Знае Кире дека кога го ставаш својот потпис на договорот за работа остануваш доследен на потпишаното.Професионалец кој би го посакал секој клуб,капитен кој го почитува секоја репрезентација.Во светот на ракометот нема прогледување низ прсти ,сегашен успех на стара слава,НЕ!Таму е само едно битно а тоа се резултатите.А Кире ги има и тоа оние најдобрите.Во досегашниот дел од ЛШ Лазаров е СТРЕЛЕЦ БРОЈ ЕДЕН,со постигнати 57 гола.Шпанското ракометно првенство беше во знакот на Кире и Барселона.

И убаво е чувството кога на трибините во големата Шпанија се вее македонското знаме во чест и подршка на Кире.Бомбардерот од МАКЕДОНИЈА и понатаму е сопственик на најголемиот број голови на едно светско и европско првенство,покрај ова недостижно признание еве потсетување на се она што досега Лазаров го освои живеејќи го неговиот сон РАКОМЕТОТ:

Трофеи: (41 трофеи)

Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 1 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 1 со Барселона) (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид и 1 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)
Единствен македонски ракометар со 4 шампионски титули вo 4 земји
download (1)
Останати забележителни резултати:

– Финале на Лигата на шампионите:
2 пати (2 пати со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал)
– Полуфинале на Лигата на шампионите: 2 пати
(2 пати си Фотекс Веспрем)
– Финале на ИХФ Супер Глобе: 2 пати ( 2010 со Ал Саад (Катар) и 2011 со Сиудад Реал (Шпанија))
– МВП на ЕХФ Лигата на шампионите 2011/12 според „Планет Хендбол„
– МВП на Супер Глобе – Доха 2010
– МВП на ЕХФ Европското првенство – Србија 2012 според „Планет Хендбол„
– Најдобар стрелец на Лигата на шампионите: 2 пати
(1 со Фотекс Веспрем и 1 со Кроација осигурување Загреб)
– Освојувач на 5 место со Македонија на Европското првенство во Србија 2012 година –
– Најдобар стрелец на првенството со 61 гол на 7 меча
– Освојувач на 11 место со Македонија на Светското првенство во Хрватска 2009 година –
– Најдобар стрелец на првенството со 92 гола на 9 меча. Овој резултат е најдобро постигање на еден најдобар стрелец во историјата на Светските првенства.
– Кирил Лазаров е првиот ракометар кој станал најдобар стрелец и на Европско и на Светско првенство
-Најдобар стрелец во европските купови на сите времиња – 821 гола
– Член на идеалниот тим на францускиот весник „Lequipe„ за најдобрите во Европа за 2012 година
– Освојувач на 5 место на Европското првенство за млади во Израел во 1994 година.
– Освојувач на 9 место на Европското младинско првенство – Грција 2000 година
– Најдобар стрелец на Балканско првенство во 1999 година
– Спортист на Македонија за 2009 годинаprofil33
– Спортист на Битола за 1999 година
– Спортист на Веспрем за 2006 година
– Најдобар странец во првенството на Унгарија во 2005 и 2006 година
– Единствен македонски ракометар шампион во три различни земји (Македонија, Хрватска, Унгарија)
– Единствен македонски ракометар освојувач на националниот Куп во четири различни земји (Македонија, Хрватска, Унгарија, Шпанија)
– Најмлад македонски сениорски репрезентативец во историјата – 17 години
– Најмлад македонски ракометер во Европските купови – 15 години и 4 месеци
– Добитник на два национални медали за заслуги од претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски (24.03.2009 година) и од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов (30.01.2011 година)

hitportal-lazarovСо оглед на неговата фантастично застрашувачка форма оваа листа има уште да се полни и во квалитет и во квантитет.Изборот за најдобар ракометар на планетава трае до 4 декември.Освен читателите на сајтот,ракометните навивачи,за најдобриот ќе одлучуваат и стручни лица од ракометниот свет.Линкот на кој можете да гласате е следниот : http://www.handball-planet.com/world-handball-player-2014-right-back/

Моменталните гласови се следните:
Kiril Lazarov (42%, 7,443 Votes)
Laszlo Nagy (41%, 7,195 Votes)
Marko Vujin (12%, 2,077 Votes)
Renato Vugrinec (5%, 836 Votes)

МАКЕДОНИЈО ТИ СИ НА ПОТЕГ!

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *