Делчево трча — 24 мај 2015
ДЕЛЧЕВО ТРЧА ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ

Настанот ќе се одвива низ улиците на убавото Делчево, по однапред утврдени траси, со учесници од 2 до 102 год.

КАТЕГОРИИ И ДОЛЖИНА НА ТРКИТЕ

1. Од 0-7 години ————— 200метри

2. 2 и 3 одделение ———— 300 метри

3. 4 и 5 одделение ———— 400 метри

4. 6 и 7 одделение ———— 600 метри

5. 8 и 9 одделение ———— 800 метри

6. 1 и 2 клас ——————— 1400 метри

7. 3 и 4 клас ——————— 1800 метри

8. Од 18 – 50 години ———- 4500 метри (мажи)

9. Од 18 – 50 години ———–2000 метри (жени)

10. Од 50-102години ———–1000 метри

Настанот ке започне во 12 часот со делење на стартните броеви по однапред извршените пријави и регистрирање на присутните учесници.

Отварањето на настанот ке биде во 13 часот и 30 минути. Трките по категории ке започнат во 14 часот .

Организациониот одбор на уличната трка „Делчево трча за здрав живот“ и општина Делчево ги известуваат граѓаните на општина Делчево дека  во времето од 14:00 до 18:00 часот   дел од улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај како што следува:
– 14:00 до 17:30 часот улицата Никола Јонков Вапцаров, дел од улицата Методи Митевски Брицо (од мостот до Стопанска банка) и дел од улица Светозар Марковиќ.
– 16:00 до 17:30 дел од улицата Маршал Тито (од мостот до хотел Македонија и обратно)
– 15:00 до 16:30 дел од улицата Кеј на ослободувањето (од мостот до раскрсницата со улица Скопска) како и дел од улицата Орце Николов (од Центарот за Социјални работи со Стопанска Банка)

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *