Вести Останати — 01 мај 2014
Кристина Стојчевска – Вице Европски првак во кик бокс

Кристина е една од најталентираните и најтрофејните  кикбоксерки во Македонија која докажа и покажа дека кога некоја работа се сака од срце и се вложува голем труд во неа успехот е неминовен.Во продолжение ви предлагаме да го прочитате интервјуто со нејзе:

 

 

РК Делчево:Кои се твоите први почетоци со кик боксот и од каде желбата за тој спорт?

К.Стојчевска:Кик Бокс започнав да тренирам спонтано на 7 и пол годишна возраст.Посебна желба немаше,инспирација ми беа секојдневните приказни на татко ми за боречките вештини.

РК Делчево:Дали имаше желба за некој друг спорт?

К.Стојчевска:  Пред да започнам да тренирам кик бокс,тренирав една година кошарка.Имав голема желба да тренирам ракомет,бев голем фан на Кометал Ѓорче Петров,но за жал во тој период немаше клуб во Делчево.

РК Делчево:Кои се твоите најголеми успеси?

К.Стојчевска:. Моите најголеми успеси се неколку пати Државен првак на Македонија,Балкански првак,Вице Европски првак и трето место на Светското првенство за јуниори и кадети и неколку освоени Меѓународни Купови.Во последните години имам успеси и на професионален план од 4 профи мечеви имам три победи и еден пораз.

РК Делчево:Колку време си репрезентативка на Македонија?

К.Стојчевска:Репрезентативка на Македонија сум од 2008 година,прво во јуниорско кадетската репрезентација,а од 2011 и во сениорската репрезентација.

РК Делчево:Моментално си на факултет која професија ја избра и колку спортот ти помогна во тоа?

К.Стојчевска:Студирам на факултетот за Безбедност во Љубљана,спортот ми помогна многу не само при изборот за студирање,туку и општо во животот,ме научи на самоконтрола,дисциплина,амбициозност,борбеност и најважно од се да не се откажувам од зацртаните цели.

РК Делчево:Колку твоите те подржуваат во тоа што го работиш?

К.Стојчевска:Искрено без подршка на моите,мислам дека не би била тоа што сум денес.Подршката на најблиските е најголема сила што ја добивав за да продолжам да работам тоа што го сакам.

РК Делчево:Дали имаш некој ритуал пред натпревар?

К.Стојчевска:Пред натпревар пробувам да се смирам,концентрирам и да размислувам позитивно.Во последно време пред борба сакам да слушам добар мотивациски говор и последни консултации со тренерот пред борбата.

РК Делчево:Каде тренираш моментално имајќи предвид дека си повеќе во Словенија отколку во Македонија?
К.Стојчевска:.Последната година и пол тренирам во Љубљана кај тренерот Игор Пачек,но личноста која ги постави темелите и уште повеќе ја разбуди желбата да се бавам со тој спорт е тренерот Горан Велков.Тој е еден од виновниците за големиот број достигнувања во мојата кариера,ми беше а и сеуште е моја најголема подршка.
РК Делчево:Кои се твоите идни планови?
К.Стојчевска:Идни планови што се однесува во полето на спортот се учество на Меѓународните Купови кои следат оваа година  и учество на Европското првенство кое се одржува во Шпанија и Словенија
РК.Делчево: Што би им препорачала на младите?
К.Стојчевска:На младите би им препорачала да најдат време да бидат физички активни,да имаат амбиции и да научат да се борат за нивно достигнување.И најважно од се да не се откажуваат во тоа што го почнале.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *