РК Делчево — 09 септември 2018
Кадетките на РК Делчево надмоќни против  РК Чаир

Денес во спортската сала М.М.Брицо се одржа второто коло од женската ракометна лига во кадетска конкуренција помеѓу екипите на РК Делчево и РК Чаир.

Домашната екипа стартуваше фуриозно уште од самиот почеток на натпреварот поведувајќи со 4:0. Гостинките во 8 мин го постигнаа првиот гол на што потоа со нова серија  нашата екипа поведе со 8:1. До крајот на првото полувреме нашите ракометарки имаа целосна доминација и на одмор заминаа со 18:7.

Во второто полувреме  РК Делчево продолжи со својата одлична игра со што разликата на семафорот постојано се зголемуваше за на крај да се финишира со високи 39:17. Во листата на стрелци се запишаа дури 9 ракометарки кои од сите можни позиции го бомбардираа противникот.

Во следното коло кадетките гостуваат на екипата Овче Поле СУ од Свети Николе.

 

РК Делчево: Драгана Димитровска, Теодора Тодоровска 1, Деника Спасевска 5, Дариа Спасевска 2, Сара Петровска, Теона Златковска, Елена Николова 7, Анастасија Јанковска, Јована Илиевска 2, Лора Велевска 8, Ерика Даневска 6, Фросина Десподова, Магдалена Ѓеоргиевска 2, Анастасија Ангеловска 6.

Пионерките пак во саботата има тешко гостување против искусната екипа на РК Вардар и од Скопје се вратија со висок пораз 24:10. Во следното коло пионерките на домашен терен ќе ги одмерат силите со ЖРК Гостивар.

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *