Вести РК Делчево — 06 април 2014
Нерешен резултат на кадетките против РК.Овче Поле

Денеска  се одигра натпреварот од кадетската лига помеѓу екипите на РК.Делчево и РК.Овче Поле каде што се одигра фер и коректен натпревар помеѓу двете екипи.Натпреварот го отворија ракометарките на гостинската екипа кои и на полувреме заминаа со еден гол предност 5:6.Првото изедначување беше при реултат 8:8 а после тоа се играш гол за гол за во последните 40 секунди нашите ракометарки при одбраната на нашиот голман да дојдат до еден гол предност и топка во напад.Но поради грешка на нашите играчи гостинската екипа украде топка и во последните 6 секунди го изедначи реултата на 13:13.Иако победата ја имавме во раце поради изедначената игра и на двата тима можеби овој резултат е најреален.

РК Делчево :РК.Овче Поле 13:13 (5:6)

РК Делчево:Б.Захариева; С.Митевска; С.Величковска; А.Стоименовска 3; М.Китановска 3;  А.Крстевска 2; К.Ангеловска; М.Јанковска 2; Б.Георгиевска1; С.Николова; М.Гоцевска 2; А.Станоевска; Х.Богдановска; А.Ѓоргиевска; Д.Ивановска ;

Седмерци: 3/2    Исклучувања :2 минути

Судии: Иван Јовановски и Стефан Станков

Делегат: Зоран Јовановски

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *