Вести Останати — 16 декември 2014
Металург може само да жали: Дарко Станиќ се надмина себеси на голот на Битигхајм!

Екс-голманот на Металург, Дарко Станиќ игра во одлична форма во Германија, а потврда за тоа е настапот на мечот против екипата на Гепинген, на кој тој беше главниот виновник за триумфот на неговата екипа Битигхајм.

Искусниот чувар на мрежата во победата над Гепинген (29-25) забележа вкупно 18 одбрани, поради што се најде меѓу најдобрите во 17. коло во германската Бундеслига. Покрај него, во најдобриот тим се наоѓа и уште еден екс-ракометар на Металург, Владан Липовина кој за неговиот Вецлар кој ремизираше со актуелниот европски шампион Фленсбург (22-22) постигна пет погодоци и забележа осум асистенции.

Исто така, последниот гол на Липовина кој пристигна на минута пред крајот на мечот против Фленсбург се најде меѓу најдобрите потези на колото, затоа што Црногорецот со фантастична финта се ослободи од својот чувар, Драшко Ненадиќ.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *