Вести РК Делчево — 01 ноември 2014
Нова победа за РК Делчево!

Во четвртото коло од женската кадетска лига ракометарките на РК Делчево на домашен терен ја пречекаа екипата на РК Струма.Како и што се очекуваше, ракометарките од Струмица влегоа на натпреварот со цел да ги освојат првите три бода,демонстрирајќи агресивна игра која што предизвика лава од свирежи во публиката и низа на неколку жолти картони.После 8 мин од натпреварот резултатот на семафорот беше 0:0.Резултатот први го отворија нашите ракометарки,но веднаш потоа гостите изедначија.Во 15 минута  со серија од 4:0 нашите ракометарки си обебедија водство и на полувреме заминаа со реултат 8:3.Второто полувреме нашите ракометарки го отворија со серија 5:0 и во 40 минута од натпреварот РК Делчево имаше предност од +10 гола.Струмичанки дури после 11 минути игра во второто полувреме,  постигнаа гол од линијата за седум метри.Најголемото водство делчевки го имаа во 47 минита +11 позитива.Сите ракометарки од РК Делчево одлично оддиграа на теренот ,како во нападот така и во одбраната .Кај нашиот тим најдобар стрелец беше левото крило Анастасија Стоименовска со 9 постигнати голови.Натпреварот заврши 18:11 со што РК Делчево освои нови три бода ,а Делчево  сеуште е неосвоена тврдина ,оваа сезона .

 

РК Делчево:РК Струма 18:11(8:3)

РК Делчево:  Б.Захариева ,  Митевска С,   М.Цонева 1,   А.Стоименовска 9 ,  М.Гоцевска 3,   К.Ангеловска  ,  С.Величковска  ,   М.Јанковска 3 ,  М.Крстевска 2 ,  ,  С.Николова,  Т.Димитровска

Седмерци:2/1     Исклучувања: 8 минути

 

РК Струма:М.Кондева,  Д.Костадинова  К.Галева 4, А.Тасева 1, С.Гражданлиева 3, З.Русева 1, М.Зимбакова 1, С.Тодорова, Р.Петрова, М.Христова,М.Трајкова 1, М.Николова, Д.Кирова,  Л.Ефтимова, М.Василева

Седмерци:4/2      Исклучувања: 6 минути

Судии:  И.Јовановски и   С.Станков

Делегат:  Зоран Јовановски

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *