Вести Останати — 04 јуни 2014
Одредени цените за Македонија – Грција: Меракот чини 300 и 400 денари

Ракометната федерација на Македонија информираше дека билетите за мечот против Грција, во Скопје (15 јуни) ќе чинат 300 и 400 денари. Тоа ќе биде возвратен натпревар, откако веќе ќе се соочиме со Грците во Атина, оваа сабота, така што, ако сѐ оди според желбите, може да претставува еден празник на ракометот и само ревијална официјализација на пласманот на СП 2015. Меракот да се види јужниот сосед на колена е бесценет, но околу 6.000 луѓе ќе можат да си го дозволат за 300 денари на повисоките седишта и 400 денари на оние во првиот „прстен“ околу теренот.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *