Вести Останати — 12 април 2014
ООУ ВАНЧО ПРКЕ ШАМПИОНИ ВО РАКОМЕТ

ООУ Ванчо Прке во финалниот натпревар од Државното првенство во ракомет влезе како фаворит против екипата на ООУ Владимир Полежиноски од Кичево и ја оправда својата фаворитска улога.ООУ Ванчо Прке е Државен првак во ракомет за женски совладувајќи го противникот со резултат 21:14(9:6).Ракометарката Марија Гоцвска од нашто училиште пак се здоби и со признанието најдобар ракометар на Државното првенство.Оваа шампионска титула е голем успех колку за ракометарките,наставниците ,училиштетето исто толку и за градот Делчево.Ракометот е спорт број еден во нашата земја а зад вас да оставите имиња како што се ракометните градови Битола,Скопје,Струга,Кичево,Штип и пехарот да дојде во Делчево е најголем успех.Не стивнаа импресиите од минатата недела кога ООУ Ванчо Прке стана државен првак во футсал сега причина за радост и за уште еден успех.Честитки за ученичките,честитки за наставниците,за целиот колектив на ООУ Ванчо Прке како и за директорот Сашко Ивановски, кој веруваше во своите ученички, во својот колектив,човек кој создава една хармонија на добри односи во самото училиште.

Финалниот натпревар го следеше и Македонската Радио Телевизија која во наредниве денови ќе ја прикаже и снимката од ова натпреварување.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *