Вести Останати — 10 април 2014
ООУ Ванчо Прке со победа го започна Државното првенство во ракомет за жени

Денеска во Штип започна Државното првенство во ракомет за жени.ООУ Ванчо Прке се наоѓа во групата заедно со ООУ Стив Наумов од Скопје и ООУ Владимир Полежиноски од Кичево.Нашето училиште ги отвори натпреварите од својата група и во првиот натпревар се  сретна со ООУ Стив Наумов .Се водеше тешка и неизвесна борба во поголемиот дел од играта но сепак нашите ученички со цврстата одбрана излегоа како победници со резултат 15:8(5:3).Овој добар старт на почетокот на државното првенство  би значло и полуфинале за нашите ракометарки од ООУ Ванчо Прке.Вториот натпревар е закажан за утре со ООУ Владимир Полежиноски од Кичево, кое неколку години по ред е учeсник на државните првенства, а минатата година го освои третото место на Државните спортски игри-Аеродром 2013.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *