Вести РК Делчево — 11 октомври 2014
Победа на РК Делчево

РК Делчево со победа го започна првенството во женската кадетска лига.Денеска во спортската сала на СОУ М.М.Брицо се сретнаа со екипата на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе.До 15 минута се играше гол за гол (6:5),но после тоа нашите ракометарки со добра одбрана и прецизна игра во нападот успеа да заминат со 9 гола предност на полувреме(15:6)Во второто полувреме ракометарките на Делчево продолжија со добрата игра при што во еден момент резултатот на семафорот гласеше 22:9 која воедно беше и највисоката предност во текот на натпреварот,со што  им се  даде шанса и на помладите ракометарки.Се играше добро во нападот и одбраната, фер и коректно и од двете екипи и натпреварот заврши со резултат 27:18.Во листата на стрелци се запишаа А.Стоименовска 9, М.Јанковска 6,  М.Крстевска 4, М.Цонева 3, М.Гоцевска 2 , К.Ангеловска 2 и С.Величковска 1.Голманите  Б.Захариева и С.Митевска имаа доста успешни интервении со што се потврди подготвеноста на целиот тим за првенството.Во наредното коло ги чека доста тежок противник, екипата на ЖРК Вардар  .Овој натпревар се игра во Скопје наредниот викенд па да се надеваме дека ракометарките ќе  продолжат со својата добра игра и ќе не израдуваат со нова победа.

РК Делчево:ЖРК Овче Поле СУ 27:18(15:6)

РК Делчево:  Б.Захариева ,  Митевска С,   М.Цонева 3,   А.Стоименовска 9 ,  М.Гоцевска 2,   К.Ангеловска 2 ,  С.Величковска 1 ,   М.Јанковска 6 ,  М.Крстевска 4 ,  Д.Ивановска,  С.Николова,  Т.Димитровска,  М.Стојковска

 

ЖРК Овче Поле Су:  В.Тосева,   В.Димчева,  Ј.Ристова,  Т. Стаменковска,  С.Лазарова,  С.Николова,  Б.Миланова 7,  Т.Панева 1,  В.Гитовска 1,  А.Иванова 6,  М.Нацева  3,

Судии:  Р.Пановски    и    Б.Димитриевски

Делегат:  Т.Јосмов

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *