Вести РК Делчево — 14 август 2014
Пораз на РК Делчево

Во првиот натпревар од младинскиот турнир Скопје куп 2014 ракометарките на РК Делчево се совладани од фаворитот ЖРК Будучност од Подгорица, Црна Гора.Во текот на првото полувреме ракометарките на Будучност ја оправдаа фаворитската улога ,но во второто полувреме нашиот клуб рамноправно се спротистави на клубот,којшто децении функционира на ракометната сцена,но сепак не доволно за да излезе како победник.Резултатот на крајот на семафорот гласеше 16:10 ,но сепак стручниот штаб е во целост задоволен од играта на нашите ракометарки и доколку продолжат со тоа ниво на игра и против другите екипи шансите се големи за РК Делчево да игра и во натпреварите во полуфинале.Следен наш противник е екипата на РК Велкова 5 ,со која нашите ракометарки се сретнаа во женската пионерска лига на Македонија ,а меѓусебниот дуел помеѓу овие екипи од два натпревари е по една победа за секоја екипа.Утре во 10.45 мин им посакуваме успех на нашите ракометарки и очекуваме позитивен резултат. ЖРК Будучност се сретнува со ЖРК Металург ,додека РК Бар е слободен.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *