Вести РК Делчево — 02 март 2015
Пораз на РК Делчево

Пораз на РК Делчево во првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната.Бевме поразени на гостински терен со резултат 24: 21(11:09)од екипата на Овче Поле од Св.Николе со што значајно си ги намаливме шансите за добар пласман на табелата.Иако двете екипи наизменично се менуваа во водството,сепак поконцентрирани беа домаќинките и заслужено го добија овој натпревар.Слаба и анемична игра на нашата екипа со голем број технички грешки,на што се придодадоа и голманките со само 6 интервенции.Единствени светли точка во нашиот тим беа левото крило Анастасија Стоименовска со 10 постигнати голови и десниот бек Марија Гоцевска со 5 гола.Следен наш противник на домашен терен ќе ни биде екипата на ЖРК Вардар во недела на 08.03.2015 .Натпреварот е закажан во 13.00 часот, во спортската сала на СОУ„М.М.Брицо“ Делчево

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *