Вести РК Делчево — 08 февруари 2016
РК Делчево лидер во Вардар јуниор лигата

Дербито во конкуренција на девојчиња од генерацијата 2000/2001 во рамките на Вардар јуниор лигата им припадна на ракометарките од Делчево Вардар. Тие на дуелот од 5 коло против Кузман славеа со 18-16. Сега Делчево е лидер со максимални 10 бода од пет натпревари. Филип Вардар е втор откако славеше против Академија 3 со 21-7, а Академија 2 ја победи Академија 1 со 10-8.

Во 5 коло на Вардар јуниор лигата во машка конкуренција на натпреварите одиграни викендов, екипите на Кале Вардар и на Преспа вардар повторно беа победници.
Во генерацијата 2002/2003, во првата група Кале Вардар го победи Бутел Вардар со 20-15, а Илинден Вардар го победи Бисинов Вардар со 21-13.
Во втората грипа, Преспа Вардар го победи Урдаревски Вардар со 16-9, а ракометарите на Општина Кисела Вода Вардар ја победија Академија 1 со 24-16.

Академија 2 и Шампион Вардар ќе водат меѓусебна борба за титулата во конкуренција на момчиња од генерацијата 1998/99. По две одиграни кола тие се на делба на првото место.
Викендов Шампион Вардар го победи тимот на Академија 1 со 16-15, а потоа ремизираше со Академија 2, 16-16. Во третиот натпревар Академија 2 ја победи Академија 1 со 25-23.

Во конкуренција на девојчиња реодени 1998/99 има две екипи, Академија 1 и Академија 2. И по вторпат ракометарките од Академија 2 се подобри, а сега победија со 21-16. Во првото коло разликата беше + 12 за Академија 2.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *