Вести РК Делчево — 06 март 2015
РК Делчево на мегдан со ЖРК Вардар

Во недела 08.03.2015 ,  во 13.00 часот во спортската сала на СОУ.М.М.Брицо ќе се одржи првенствениот натпревар од второто коло во женската кадетска лига .РК Делчево силите ќе ги одмери со фаворитот за шампионската титула ЖРК Вардар.Во есенскиот дел екипата на ЖРК Вардар славеше на домашен терен со резултат 21:18 но нашите ракометарки покажаа одлична игра што резултираше со постојано водство до 45 минута.Ова пред се ќе биде еден тежок натпревар и за двете екипи ,но и вистинско уживање за љубителите на ракометот.

 

.10944861_815385511867800_3032060627427634214_n“Во недела не чека доста тежок натпревар,но доколку одиграме добра одбрана и да ги реализираме нападите како што беше на гостувањето кај нив можеме да очекуваме победа.ЖРК Вардар оваа година е фаворит, сите знаеме што значи тоа име во ракометот, но ние сме спремни да им се спротиставиме и да се докажеме колку можеме добро да изиграме.Пред се ние сме на домашен терен и го имаме осмиот играч ,а тоа е публиката.Мотивацијата не ни недостига сакаме да играме, а пред се да победуваме“-изјави Марија Гоцевска.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *