Вести РК Делчево — 29 октомври 2014
РК Делчево на мегдан со РК Струма

Овој викенд се натпреварите од четвртото коло од женската кадетска лига.РК Делчево на домашен терен ја пречекува екипата на РК Струма,којашто му е добро позната на нашиот состав од натпреварувањата во пионерската лига ,минатата сезона.Ова источно дерби ќе се одржи во спортската сала на СОУ М.М.Брицо во сабота 01.11.2014 година во 14 часот.Стручниот штаб на РК Делчево очекува победа и нови три бода за остварување на целта оваа сезона.Во другите натпревари ЖРК Овче Поле СУ ја пречекува екипата на РК Кичево,ЖРК Вардар е домаќин на РК Филип Вардар-Прилеп додека ЖРК Металург е слободен.

“Одиме секако на победа, не ги потценуваме ама ние одлично ја почнавме сезоната.Во второто коло изгубивме од ЖРК Вардар ,но демонстриравме одлична игра,мотивирина сме,имаме голема самодоверба  плус играме на домашен терен такашто со нашиот осми играч ,публиката,можеме и нема да дозволиме да се случи нешто неочекувано.РК Струма од друга страна лошо го започна првенството од три оддиграни првенствени натпревари има три порази,ќе им биде потребна победа за да си ја повратат самодовербата , свесни сме за тоа дека ќе играат на се или ништо но ќе повторам мотивацијата е поголема кај нас ,а и публиката е со нас.Затоа ги поканувам сите љубители на ракометото да дојдат во сабота и да ни ја дадат подршката која ни е потребна“изјави голманот Сандра Митевска.

DSC0096

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *