Вести РК Делчево — 09 април 2014
РК ДЕЛЧЕВО ПРОСЛАВИ ТРИ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Вчера за време на тренингот во спортската сала М.М.Брицо ракометарките од нашиот клуб му приредија пријатно изненадување на тренерот Горан Велков по повод неговиот 38 роденден и три години постоење на РК Делчево.После ова изненадување тој на својот фејсбук профил го изјави следново:

“Фала на сите за искрените честитки,чест е да бидеш тренер и педагог на многу млади кои го сакаат спортот,но вчерашниот ден ми покажа и докажа дека целиот мој труд не бил залуден и дека оваа работа која ја работам,усреќува голем број млади луѓе кои знаат да ги ценат сите мои чекори за развој на спортот во градот Делчево.Прекрасно е чуството да застанеш пред таква екипа која не знае за неуспех,не знае да признае пораз и кога сите спортски параметри покажуваат дека квалитетот не е на нашата страна,дека техничката подготвеност на нашата екипа е послаба од противникот,не знаат да признаат слабост и со последните атоми се обидуваат да го обелат образот на нашиот град.Се надевам дека оваа екипа ќе успеам да ја сплотам уште повеќе и со заеднички сили ќе се обидеме да бидеме сериозен кандидат за највисоки дострели во ракометот и спортот воопшто.Уште еднаш благодарност до сите за честитките кои ги добив по повод мојот роденден ,како и роденденот на РК Делчево.“-напиша Велков.

Повеќе детали и фотографии можете да видете на нашата фан страна.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *