РК Делчево — 24 февруари 2018
РК Делчево со најдобрите!

РК Делчево со минимална победа од 23:24 на гостински терен ја совлада екипата на РК Рудар од Пробиштип со што обезбеди место во четвртфиналните групи.Во четвртфиналните групи веќе се пласирани:Вардар, Металург, Пелистер, Е. Работник, Охрид, Пролет, Прилеп, Борец, Радовиш, Вардар Јуниор и Металург 2. Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат во април, додека завршниот турнир е на средината на мај.

Купот на Македонија во ракомет е елиминациски ракометен турнир кој се одржува годишно. Тоа е втора најважна национална титула во македонскиот ракомет после титулата во Суперлигата. Моментален шампион е Вардар, а воедно е и најтрофеен клуб со дванаесет титули.

На нашите ракометари им честитаме за успехот и пожртвуваната игра со што покажаа и докажаа дека имаат срце и храброст за големи натпревари.Се надеваме дека и во иднина достојно ќе го претставиме нашиот град.

Напред РК Делчево!!!

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *