Во недела 29.03.2015 се игра 11-то коло од женската кадетска лига на Македонија.РК Делчево на домашен терен ја пречекува екипата на РК Филип Вардар од Прилеп.Стручниот штаб и играчите очекуваат победа и освојување на првите бодови во пролетниот дел.
Ги покануваме сите љубители на ракометот да дојдат на уште еден ракометен натпревар и да им ја дадат подршката на нашите ракометарки .
Натпреварот е закажан за во 13..00 часот во спортската сала при СОУ М.М.Брицо.
„Во недела ја пречекуваме екипата на РК Филип-Вардар од Прилеп која за разлика од есенскиот дел има доста напредок во својата игра.Ние сме максимално подготвени за оваа средба,не размислуваме туку сигурно одиме на победа како што му доликува на нашиот клуб.Ја знаеме играта и тактиката на спротивната екипа така што ова за нас пред се ќе биде еден добар натпревар каде мора да се победи.Во никој случај не ги потценуваме,но сме сигурни во нашите вредности и способности.Ќе го покажеме тоа што го знаеме ,ќе играме пред се цврсто во одбраната и подобра реализација во нападите. Нека овој натпревар биде само една добра увертира за тоа што не очекува за две седмици кога ни гостува ЖРК Металург.-изјави кружниот напаѓач Моника Цонева.
Следете не!