Вести Останати — 04 јуни 2014
РФМ ја укина котизацијата за играње во Прва лига

УО на РФМ реши да ја укине котизацијата за настап во Првата лига, а во Супер ВИП лигата котизацијата е намалена за речиси половина. Од сегашните 45.000 денари по полусезона (90.000 вкупно), котизацијата се намалува на 30.000 денари по полусезона (60.000 денари). Во сите други лиги, котизациите се укинуваат.

„Логиката е дека треба да работиме на омасовување на спортот, и знаеме дека клубовите имаат проблеми, особено оние што не се во супер лигата. Ова не е голема сума вкупно, и можеме да ја обезбедиме од друга страна, а само ги оптеретуваат клубови, и затоа сакаме да им помогнеме на клубовите, информираше Живко Мукаетов, претседателот на РФМ.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *