Вести Останати — 25 септември 2014
Снимен спотот за официјалната песна на Лигата на шампионите

Пред самиот почеток на овогодинешното издание на Велукс ЕХФ Лигата на шампионите заврши и снимањето на спотот за официјалната песна на ЛШ “Do it like us” во интерпретација на британскиот пејач Роб Фaулер.Видеото е снимано во период од три дена ( 30 мај-1 јуни) за време на ВЕЛУКС ЕХФ Фајнл- фор турнирот во Келн. Покрај кадри од теренот на Ланксес арената во Келн, делови од спотот се снимени и во соблекувалните, a дел како ноќна фото сесија во празната арена.

 

Од денес, со самиот почеток на новата сезона во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите песната “Do it like us” ќе биде пуштана во сите ракометни арени пред самиот почеток на натпреварите во ЛШ, за подигнување на атмосферата на уште повисоко ниво!

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *