Вести РК Делчево — 10 јуни 2015
ТАМАРА СПАСЕВСКА  УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Кружниот напаѓач на РК Делчево, а воедно и полуматурантка од ООУ Ванчо Прке,Тамара Спасевска, е прогласена за Ученик на генерацијата за 2015.Математичкиот натпревар Кенгур,интернационалниот проект “Волонтери без граници“,,I место ракомет на меѓународниот турнир Атлант 2013,I место ракомет  на турнирот “Еден живот една љубов“ се неколку од бројните признанија што Тамара ги здоби во своето школување.

Тамара Спасевска е ученичка со која ова училиште ќе се гордее. Нејзиното знаење и одговорност треба да послужат како пример за идните генерации ученици, дека со одговорна работа успехот е неминовен.

Целиот тим на РК Делчево и честита за ова признание и и посакува пред се здравје,среќа и успех и во понатамошното школување.

Тамара воедно е четврта ракометарка од РК Делчево која е прогласена за ученик на генерацијата.Претходно со ова признание се закитија актуелниот  голман на РК Делчево Бојана Захариева -“Ученик на генерацијата за 2014“ ,бившата ракометарка на РК Делчево,Мери Арсениевска  – „Ученик на генерацијата за 2013“ и поранешниот десен бек ,Симона Стоименовска “Ученик на генерацијата за 2011“

 

 

 

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *