Вести РК Делчево — 20 октомври 2014
Трите бода останаа во Скопје!

Првенствениот натпревар помеѓу екипите на ЖРК Вардар СЦБТ и РК Делчево во второто коло од женската кадетска лига се оддржа на 19.10.2014 во спортската сала Кале-Скопје.Натпреварот го отворија домаќините поведувајќи со 2:о.Веднаш потоа нашите ракометарки се консолидираа и го изедначија резултатот.Со цврста одбрана и брзи контранапади првпат поведоа при резултат 4:5.До крајот на полувремето нашите ракометарки не дозволија вардарки да го превзедат водството,но по исклучувањето на Марија Гоцевска,во 26 минути,тие го искористија вишокот од играч и на полувреме се замина со нерешен резултат 10:10.Со стартот на второто полувреме нашите ракометарки повторно го презедоа водството .Во 43 мин РК Делчево го имаше водство од 3 гола,12:15,но тоа и беше моментот кога вардарки играјќи на се или ништо успеаа да изедначат и поведат.Со агресивен напад и со нивната корпулентност бедемот на РК Делчево беше пробиен и во 52 мин резултатот беше 17:15.До крајот нашите ракометарки имаа шанса да изедначат но по нереализираниот пенал како концетрацијата да падна и натпреварот заврши 21:18.

Стручниот штаб е во целост задоволен од играта на ракометарките  ,  посебно се истакна голманот Сандра Митевска која со своите интервенции предизвика воодушевувања кај публиката.Најдобар стрелец на натпреварот беше  Моника Крстевска со 6 постигнати голови.Судиската двојка од Скопје одлично го водеше натпреварот.

На овој натпревар нашата екипа покажа и докажа дека може да се носи со големите имиња.Во наредното коло РК Делчево е слободен.

ЖРК Вардар СЦБТ:РК Делчево: 21:18  (10:10)

 

РК Делчево:Б.Захариева , С. Митевска ,   М.Цонева 1,   А.Стоименовска 5 ,  М.Гоцевска 2,   К.Ангеловска  ,  С.Величковска  ,   М.Јанковска 3 ,  М.Крстевска 6 ,  Д.Ивановска,  С.Николова 1,  Т.Димитровска,  Б.Георгиевска

 

ЖРК Вардар СЦБТ:О.Костовска,  М.Китановска,  И.Божинова 5, А.Николовска 5,  С.Стамова 2,  А.Петрович,  М.Белимова,  Ш.Реџепи,  Т.Колевска 2, Ј.Мицевска,  А.Вељановска 4,  А.Карчева 2,  М.Георгиевска 1, А.Станикевска, А.Тодоровска,  И.Давкова

Судии:Белимов Ерик  и Бајрам Дениз

Делегат:Реџепи Мамер

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *