Делчево трча — 26 март 2015
Улична трка во Делчево

На 24 мај 2015 година во Делчево ќе се одржи Првата улична трка насловена„Делчево трча за здрав живот“.Организатори на оваа трка се група на ентузијасти на чело со Здржението на македонски иселеници во Швајцарија и Франција „Рефрама“ и Училишниот спортски клуб „Шампион“ при ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. Во соработка со Локалната самоуправа на Општина Делчево трката ќе биде реализирана по повод Денот на градот и Денот на македонските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Целта на овој настан е да се подигне мотивацијата и свеста кај сите старосни групи за редовно спортување и трчање како и за подобрување на здравјето и превенција од појава на деформитети кај помладата популација.

За трите првопласирани учесници од секоја категорија ќе бидат обезбедени дипломи,медали и соодветни награди.

Пријавувањето за настанот ќе трае до 5 мај 2015, а сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на следниов линк http://goo.gl/w53F7w.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *