Вести — 04 септември 2018
Успешен старт на кадетките на РК Делчево!

Викендов започнаа натпреварите од женската кадетска лига во склоп на Ракометната федерација на Македонија. Екипата на РК Делчево се наоѓа во првата група зедно со РК Шампион-Скопје, РК Металург- Скопје, РК Кожувчанка- Штип, РК Чаир-Скопје, РК Струма-Струмица, РК Овче Поле СУ-Св. Николе, РК Куманово-Куманово и РК Брегалница-Делчево.

Во првото коло нашата екипа гостуваше на солидниот состав РК Шампион од Скопје, чиј тренер е познатата ракометарка на шампионската генерација на Кометал Ѓорче, Валентина Радуловиќ.

Натпреварот го отворија домаќините поведувајќи 1:0 на што нашите ракометарки возвратија со 1:2. Потоа се играше гол за гол се до 20 минута кога домаќините се одлепија на 3 гола и на полувреме се замина со резултат 13:10.

Во второто полувреме се играше со исто темпо со што домаќините не дозволија предноста да се стопи. Од 45 мин. нашите ракометарки фрлија се на една карта, заиграа по борбено во одбраната и со брзи контра напади ја анулираа предноста за во 54 мин да израмнат на 18:18. Се играше гол за гол за на крајот нашите играчи да покажат поголема присебност и зрелост и го совладаа домаќинот со 20:21.

За екипата на РК Делчево настапија: Д. Димитровска, Т. Тодоровска, Д. Спасовска, Е. Николова 1, А. Јанковска, Ј. Илиевска 2, Л. Велевска 5, Е. Даневска 8, Д. Спасевска 4, А. Ангеловска 1.

Во следното коло кадетките на РК Делчево се домаќини на РК Чаир од Скопје. Натпреварот е закажан на  09.09.2018 (недела) во 13.00 часот во спортската сала М.М.Брицо-Делчево.

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *