Вести Останати — 22 јуни 2014
Училишен спортски камп 2014

Утре започнува училишниот спортски камп кој е организиран од страна на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.Ќе се одржи во периодот од 23.06.2014 до 28.6.2014 и од 29.6.2013 до 4.7.2014 во Охрид. Во Охрид учесниците од спортовите ФУТСАЛ, АТЛЕТИКА, ЏУДО, ШАХ РАКОМЕТ, ОДБОЈКА, БОРЕЊЕ, ПИНГ-ПОНГ, КАРАТЕ, СТРЕЛАШТВО И КОШАРКА (машки и женски за основни и средни училишта) ќе бидат сместени во Студентскиот Дом Никола Карев (центар до хотел Палас).Учесници на овој камп од градот Делчево се Марија Гоцевска, Бојана Захариева  Сандра Величковска , Бојана Георгиевска , Кети Ангеловска  и  Анастасија Стоименовска.Правото да бидат дел од овој камп го обезбедија со освојувањето на златниот медал на Државните првенства во ракомет односно футсал.

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *