Вести Останати — 11 април 2014
ФИНАЛЕ ЗА ООУ ВАНЧО ПРКЕ-ДЕЛЧЕВО

ООУ Ванчо Прке во полуфиналниот натпревар го совлада ООУ Гоце Делчев од Штип со резултат 16:5(11:1)со што си обезбеди финале на Државниот натпревар во ракомет за жени.Утре во финалето нашите ученички ќе се сретнат со ООУ Владимир Полежиноски-Кичево.Иако во групата во вториот натпревар нашите ученички издвојуваа победа и ќе влезат како фаворити во натпреварот сепак во ракометот се игра до последната секунда.Ова е голем успех за ООУ Ванчо Прке како и за самиот град Делчево,мал град во Источна Македонија кој за многумина и недоволно атрактивен,но сепак во него живеат учат и работат луѓе со големи срца, со желби за развој и промоција како на спортот така и на самиот град.Браво ученички го обеливте нашиот  образ бидејќи да се застане на пиедесталот на најдобрите на две големи натпреварувања во една недела и не е така лесно.Тоа го можат ГОЛЕМИ луѓе само како вас.

И кога би направиле сума сумарум на сето ова во спортски жаргон би завршиле со:

“ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е КОЈ -ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ООУ ВАНЧО ПРКЕ!“

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *