Вести — 22 септември 2019
Фуриозен старт на пионерките на РК Делчево

Овој викенд официјално започнаа натпреварите во пионерската женска лига. Бронзените девојки на РК Делчево од минатата година оваа сезона ја започна на гостински терен во Скопје против екипата наРК КЛ7 Лазаров. Домашната екипа рамноправна беше само во првите неколку минути, а нашите девојки искористувајќи го своето знаење, искуство и взаемната воиграност направија серија од 6 гола со што на полувреме се замина со резултат 5 : 15.

Со стартот на второто полувреме работите не се сменија многу. Нашите девојки беа во одличен ритам и од минута во минута само го зголемуваа водството. Резултатот на крајот од натпреварот беше плус 26 гола позитива, односно 12: 38. Голманките Андреа Толевска и Мелани Јовановска беа извонредни на голот ,а во листата на стрелци се запишаа сите ракометарки од кои Дариа Спасевска 11, Теодора Тодоровска 9, Деника Спасевска  8, Магдалена Ѓеоргиевска 6.

Наредното коло пионерките го играат на домашен терен во сабота против екипата на РК Куманово.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *