Вести Останати — 12 мај 2014
Червар за „Јутарњи“:Можеби се ова последните мои денови за Металург

cervar-jutarnji-1

Хрватскиот ракометен стратег Лино Червар на крајот од сезоната најверојатно ќе го напушти Металург. Барем така најавува во интервјуто за „Јутарњи“, кое е направено пред неколку дена, кога „скокнал“ на помалку од два дена до Хрватска, за да присуствува на семејна прослава. Но, дел од времето искористил и да го погледне мечот меѓу Локомотива и Сесвете во „Домот на спортовите.

Червар во разговорот истакнува дека веќе пет години е на кормилото на Металург и дека му недостига Хрватска, како и работата во хрватскиот ракомет.

„Петта година сум во Скопје, тоа е многу. А 17 години сум во странство. Годините си минуваат, а немам мир. Тоа е страшен стрес. Сам си го набивам, затоа што имам високи цели. Страствен сум, по цели денови сум со ракометот. Задоволен сум со се што направив во Металург, но, сепак, крвта не е вода“, вели Лино Червар за „Јутарњи“.

Тој во интервјуто истакнува дека ова му се можеби и последните денови на кормилото на Металург.

„Би можеле да бидат“, одговорил Червар, на прашањето на „Јутарњи“, потенцирајќи дека силно сака да се врати дома.

Лино Червар со Металург оваа сезона успеа повторно да ја врати шампионската титула во „Автокоманда“, стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите каде беше елиминиран од Кил, а претстојниот викенд во Охрид ќе го брани и трофејот во Купот на Македониј

Ќе остане ли Лино Червар во Металург или ќе се врати во родната Хрватска е прашање на време ,но Екипа напиша дека големиот стратег е многу блиску до понатамошно останување во редовите на „металурзите“.

Извор:ekipa.mk

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *